Земјотрес во Македонија, епицентарот бил во близина на Охрид

by vlatko 20:47
20:47

Земјотрес со локална магнитуда од 2,0 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска попладне во 18:08 часот во Охридско-ресенскиот регион.

Според податоците од сеизмолошките апликации, епицентарот на потресот бил лоциран во близина на селото Куратица, североисточно од Охрид и Лескоец.

Земјотресот бил регистриран на длабочина од околу 15 километри.

Слични вести