193
Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала е регистриран во 02:25 часот наутро во близина на грчкиот остров Санторини.
Според податоците од Геодинамичкиот институт при Националната опсерваторија во Атина, епицентарот бил во морско подрачје 13 километри југозападна од селото Аркесини на островот Аморгос.
Епицентарот бил на длабочина од 11,1 километри. Засега нема пријави за материјална штета.