Зеленски: Војните како руската агресија завршуваат кога притисокот е доволно силен

by irena 21:56
21:56

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека војните како руската агресија врз Украина завршуваат „кога притисокот е доволно силен за да го исцрпи изворот на војната“ и дека тогаш „доаѓа мир“.

„Тој притисок постои сега, а Европската Унија игра клучна улога во неговото одржување. И ви благодарам за вашата подготвеност да помогнете. Санкции против Русија, поддршка за Украина, зајакнување на нашата одбрана заедно – сето ова придонесува за мир. Разговаравме, на ниво на ЕУ, во рамките на „Коалицијата на волјата“ и во нашата билатерална работа со Кипар, дека санкциите (кон Русија) треба да се надградат. Се подготвува нов пакет“ – рече Зеленски во објава на платформата X.

Тој рече дека за време на говорот на церемонијата на отворање на кипарското претседателство со Советот на Европската Унија, рекол дека „искрено се надева дека во текот на овие месеци Европа ќе стане посилна“.

Зеленски објави дека „се преземаат многу чекори за таргетирање на руската „флота во сенка“.

„Секој долар што Русија го губи е долар што не го охрабрува агресорот. Исклучително е важно да продолжиме да добиваме поддршка, и за нашата одбрана и за нашата дипломатија, подеднакво од сите делови на Европа“, рече Зеленски.

Украинскиот претседател Зеленски денес изјави дека се надева дека наскоро ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, евентуално во Вашингтон.

Слични вести