Зеленски: Украина очекува 150 авиони „Грипен“, првиот треба да пристигне следната година

by irena 17:51
17:51

Украина очекува да добие 150 авиони „Грипен“ од Шведска, од кои првиот треба да пристигне следната година, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Заедно со Шведска, Украина значително ќе ја зголеми својата борбена авијација. Договорот со Шведска за борбените авиони „Грипен“ е историски чекор и е добар избор. Сметаме на 150 вакви авиони за Украина, а првите треба да пристигнат следната година“, рече Зеленски во објава на Фејсбук, пренесува Укринформ.

Тој рече дека авионите „Грипен“ се дел од безбедносните гаранции на Украина.

„Такви воени воздухопловни сили ќе можат да го заштитат нашето небо сто проценти. А толку голем договор за борбена авијација никогаш не е потпишан за Украина. Историско достигнување. Работиме на целосно спроведување“, рече Зеленски.

Од почетокот на оваа година, Русија лансираше околу 770 балистички ракети кон Украина, од кои повеќе од 50 се хиперсонични ракети „Кинжал“, објави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Како што изјави Зеленски на Фејсбук, руската армија изврши напади врз Украина и синоќа, користејќи десетици беспилотни летала и девет балистички ракети, а во тие напади имаше мртви и десетици ранети.

Тој истакна дека главниот град Киев бил особено цел на ракетите, објави Укринформ.

Зеленски изрази сочувство до семејствата и пријателите на жртвите од нападот.

Слични вести