Зеленски: Трамп треба да врши притисок врз Путин, а не врз мене

by irena 17:27
17:27

Володимир Зеленски сака американскиот претседател Доналд Трамп да го зголеми притисокот врз претседателот на Руската Федерација – Владимир Путин и да го остави на мира.

Во интервју за „Политико“, шефот на киевскиот режим рече дека Украинците се „уморни“ од конфликтот, но дека не се подготвени за компромис и ги повика европските лидери да смислат „План Б“ за да се обезбеди долгорочно финансирање на Украина и да се заобиколи „уцената“ на унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој го блокира ветениот заем од ЕУ од 90 милијарди евра.

Кога станува збор за мировните преговори, Зеленски јасно стави до знаење дека влијанието на Трамп ќе продолжи да биде клучно.

„Ни требаат преговори. Ги поддржуваме. Не ѝ веруваме на Русија, но мислам и верувам дека Американците навистина сакаат да ја завршат оваа војна. Се надевам дека ќе ни помогнат, но ни треба поголем притисок врз Русија, а не врз мене“ вели Зеленски.

Трамп неодамна повторно го критикуваше Зеленски и додаде дека има поголема доверба во подготвеноста на Путин да преговара за примирје отколку во подготвеноста на шефот на режимот во Киев.

Зеленски, исто така, побара од САД да му достават прецизни детали за тоа како би изгледале безбедносните гаранции. „Бидете искрени. Тоа е многу важно за нас, но немаме јасен одговор.“

„Претседателот Трамп ми рече: „Дали верувате дека нашите безбедносни гаранции можат да бидат посилни од НАТО?“ Јас реков: „Да, денес зависи од вас. Но што ќе се случи после вас?“ И што ќе се случи по мене?“ рече Зеленски.

Зеленски го искористи разговорот со Политико за да побара повеќе гаранции од ЕУ и да смисли „план Б“ во случај Унгарија и Словачка да го отфрлат претходно договорениот заем од 90 милијарди евра за Киев поради „Дружба“.

„Ние и Европа, сите ни треба овој план Б. Нашите европски партнери и вистински пријатели, тие знаат дека ние ги браниме не само украинските вредности, туку ја браниме и слободата на цела Европа“, рече Зеленски и „објасни“ дека Москва е „виновна“ што „Дружба“ не функционира.

Слични вести