104
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот украински колега Володимир Зеленски се справува мошне добро во војната на Украина против Русија.
За време на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во Белата куќа, новинарите го прашаа Трамп дали мисли дека Зеленски ја добива војната во моментов.
„Па, тој се справува доста добро. Погледнете, како и да го гледате, тој се справува доста добро. Барем се држи. Има многу луѓе што умираат од двете страни, но мислам дека се справува доста добро. Мора да му се оддаде признание. Погледнете, мора да се каже дека е храбар. Има одлична опрема, но има и одлични луѓе. Има борци“, рече Трамп.