235
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес предупреди дека Русија се подготвува за нов масовен напад врз Украина.
„Овие денови мора да продолжиме да бидеме многу внимателни – Русија се подготви за удар, масовен удар и чека момент за удар. Ве молиме обрнете внимание на сите воздушни предупредувања. И секој регион мора да биде подготвен да одговори и да ги поддржи луѓето што е можно побрзо“, нагласи тој во вечерното видео обраќање, пренесува РБК Украина.
Зеленски додаде дека разговарал за дополнителни месечни исплати на работниците во енергетскиот сектор со премиерката на Украина, Јулија Свириденко.