Зеленски: Русија подготвува нови масовни напади врз Украина

by vlatko 23:14
23:14

Судејќи според најновите украински разузнавачки податоци, Русија подготвува нови масовни напади врз Украина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

-Искрено разговараме со партнерите и за ракетите и за системите за противвоздушна одбрана кои ни се толку потребни. Снабдувањето не е доволно. Се трудиме да забрзаме, и важно е партнерите да нè слушнат. Сега многу се работи на ниво на Министерството за одбрана на Украина – рече Зеленски за време на своето редовно вечерно обраќање.

Тој апелираше до државјаните на Украина да бидат внимателни и да ги слушаат предупредувањата за воздушни напади.

Слични вести