Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев подготвува нови воени дејствија на фронтот и решително ќе одговори на секој руски напад.
-Денес добив извештаи од армијата и Службата за безбедност на Украина. Ситуацијата на фронтот, особено во секторот Покровска и соседните области, како и во Купјанск, пограничните области на Харковскиот и Сумискиот регион и во Запорожјето, е под контрола. Благодарен сум на секоја од нашите единици за нивната отпорност. Подготвуваме одредени чекори на фронтот и ќе одговориме на секој руски напад – рече Зеленски.
Зеленски истакна дека разговарал со Врховниот командант на вооружените сили на Украина, Олександр Сирски, за зајакнување на капацитетите за долг дострел.
-Го зголемивме и дострелот и точноста на нашите напади со долг дострел против Русија. Практично секој ден или два, руските рафинерии за нафта се погодени. Ова придонесува за враќање на Русија во реалноста – нагласи тој.