На денешната 80. седница на Собранието беше верификуван мандатот на новиот пратеник Зекирја Таири од коалицијата ВРЕДИ, кој доаѓа на местото на Беким Сали, именуван за прв вицепремиер и министер за европски прашања.
На почетокот на седницата беа повлечени предлог-измените на Законот за полиција и на Законот за внатрешни работи, предложени по скратена постапка. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, одреди пауза до 12:30 часот, по што работата продолжува по комисии.
Во продолжението, пратениците треба да гласаат за избор на Арлинда Кадри-Шахиновиќ и Сузана Јошевска-Анастасовска за членки на Судскиот совет, како и да разгледаат повеќе законски предлози во прво читање, меѓу кои измените на Кривичниот законик и законот за задолжување за изградба на фискултурни сали.