Завршија разговорите меѓу САД и Иран во Оман

by vlatko 18:42
18:42

Преговорите меѓу Иран и САД „засега“ завршија, објавија иранските медиуми изјава на портпаролот на Министерство за надворешни работи.

Според иранската државна новинска агенција ИРНА, двете страни покажале „подготвеност да продолжат“.

Новинската агенција Тасним, објави дека е договорено разговорите да продолжат „во друго време“, без да се прецизира кога тоа би можело да се случи.

За време на разговорите, иранската и американската делегација размениле мислења и предлози со посредство на министерот за надворешни работи на Оман, Бадр Албусаиди.

Иранската дипломатска делегација ја предводеше министерот за надворешни работи, Абас Аракчи. САД ги претставуваа Џаред Кушнер, зет на претседателот Доналд Трамп, и специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф. Во разговорите учествуваше и командантот на Централната команда на САД (CENTCOM), адмирал Бред Купер.

-Постоеше консензус за продолжување на самите разговори. Беше одлучено дека овој процес ќе продолжи, но времето, начинот и датумот на тоа ќе бидат одлучени во иднина – рече Агарчи.

Во разговор за иранската државна новинска агенција ИРНА, тој повтори дека разговорите се фокусирале „исклучиво“ на нуклеарното прашање и „не разговаравме за други теми со Американците“.

Арагчи додаде дека Иран останува недоверлив кон САД, но ако преговорите продолжат со „истиот став“ од Вашингтон, тогаш може да се постигне „рамка“ за идните разговори.

Министерот за надворешни работи на Оман, кој посредуваше во разговорите меѓу Иран и САД, изрази оптимизам за нивното продолжување.

Слични вести