Запалени владини згради и резиденции на политичари во Непал, убиена и сопругата на поранешниот премиер

by irena 20:50
20:50

Премиерот на Непал, Оли, поднесе оставка по масовните протести против краткотрајната забрана за социјалните мрежи и растечките обвинувања за корупција. И покрај тоа, десетици илјади демонстранти останаа на улиците, блокираа патишта и палеа владини згради и резиденции, а некои министри беа евакуирани со воени хеликоптери.

Претседателот ја прифати оставката и го назначи Оли да води привремена влада до формирање нов кабинет. Армијата апелираше за смиреност и дијалог.

Забраната на социјалните мрежи, воведена на 4 септември, денеска беше укината, но протестите продолжија поради гневот од смртта на 19 лица, откако полицијата претходно отвори оган врз толпа млади во главниот град Катманду.

Антивладини протести во Непал ескалираа во насилство и трагедија откако сопругата на поранешниот премиер Џале Нат Канале загина откако нејзиниот дом беше нападнат и запален.

Стотина демонстранти упаднаа во зградата на парламентот, предизвикувајќи хаос и масовно уништување на институциите, а насилството се прошири и на домовите на високи политички лидери во Катманду.

Слични вести