Запалена врата од стан во Кисела Вода, приведен 50-годишен скопјанец

by irena 21:56
21:56

Денеска во 05:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека во станбена зграда на подрачјето на Кисела Вода била опожарена влезна врата од стан, во сопственост на Х.С.(57) од Скопје.

Повредени лица нема, а по преземени мерки и поради сомнение дека го извршил делото, од слобода бил лишен Д.Т.(50) од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Слични вести