Западно-нилска треска и во Пелагонија, првиот случај е во Општина Долнени

by irena 16:15
16:15

По скопско и Велес, случај на западно-нилска треска е регистриран и во Пелагонија, во Општина Долнени.

Засега во други делови од овој регион на земјава нема регистрирано случаи.

Во Македонија годинава се регистрирани 38 случаи на заболени од вирусот, а четири лица починаа.

На 38 се искачи бројот на лица со западно-нилска треска во Македонија

Сите заболени се од скопско, најмногу од скопската населба Драчево, а само едно лице е од Велес.

Заболените се заразиле во Македонија, а само едно лице патувало во Грција, но инкубацискиот период покрива и престој во земјава.

Слични вести