Почина маж кој се здоби со тешки повреди за време на заложничка драма во банка во Регенсбург, потврди денеска баварската полиција.
Иако бил пренесен во болница, тој набрзо им подлегнал на повредите.
Во попладневните часови на местото на настанот биле ангажирани силни полициски сили, вклучувајќи специјални единици и хеликоптер, пренесува DW.
Полициската операција заврши со апсење на осомничениот околу 18:00 часот, приближно три часа по првите пријави. Полицијата соопшти дека станува збор за 20-годишен германски државјанин, кој не бил повреден при апсењето.
Се верува дека тој дејствувал сам и бил вооружен со нож.
Подоцна, полицијата објави дека истрагата опфаќа убиство и обид за грабеж.
„Во зградата сè уште имаше две лица. Специјалните единици успеаја да ги извлечат на безбедно“, се наведува во полициското соопштение.
Според првичните информации, мотивот за нападот не бил познат, а напаѓачот не поставил никакви барања.
Полициската операција на терен продолжува.