Законите за високо образование и студентски стандард денеска пред пратениците

by jadranka 08:12
08:12

Четири законски предлози што се однесуваат на високото образование, студентскиот стандард и научноистражувачката дејност ќе се најдат пред пратениците на денешната 116. седница на Собранието.

Меѓу точките на дневниот ред е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард, кој ќе се разгледува по скратена постапка. Пратениците ќе дебатираат и за Предлог-законот за обезбедување квалитет во високото образование и науката, кој е во фаза на прво читање.

На седницата ќе бидат разгледани и Предлог-законот за научноистражувачката дејност, како и Предлог-законот за високото образование, кој исто така е ставен на дневен ред во прво читање.

Слични вести