201
СДСМ го свика 32-от Конгрес на партијата, кој ќе се одржи на 7 јуни (недела).
Овој Конгрес ќе има програмски карактер и на него се очекува да биде презентирана и усвоена новата програма на партијата.
Партијата најавува дека Конгресот ќе биде важен чекор во креирањето на идните политики и насоки на делување.
„Конгресот ќе биде можност за широка дебата и креирање на програма која ќе одговори на потребите на граѓаните“, посочуваат од партијата.