Захарова: Ако во Украина се распоредат странски сили, тие ќе бидат легитимна цел!

by irena 18:02
18:02

Русија денеска соопшти дека какви било мултинационални сили што сојузниците на Украина би ги распоредиле во земјата во случај на мировен договор, би биле неприфатливи за Москва, која би ги сметала за закана и за легитимна воена цел.

Западните сојузници од проукраинската „Коалиција на подготвените“ деновиве во Париз ја потврдија својата намера да распоредат такви сили по завршувањето на војната, со цел да ѝ гарантираат безбедност на Украина и да ѝ помогнат во обновувањето на нејзините сили. Тие исто така најавија вежби во наредните месеци за да ја демонстрираат оперативната способност на планираните сили, познати како Мултинационални сили за Украина.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека во овој контекст, „распоредувањето какви било воени контингенти од земјите на таканаречената ‘Коалиција на подготвените’ во Украина“ би било неприфатливо за Русија, пренесува Ројтерс.

„Повторувам: ова де факто би претставувало странска интервенција и ескалација на заканите по безбедноста на Русија. Таквите единици би ги сметале за легитимни воени цели“, им рече Захарова на новинарите.

Слични вести