2
МВР информира дека синоќа во 21:30 часот во ОВР Берово е пријавено дека на некатегоризиран пат на место викано „Мушкови чешми“ во атар на Пехчево, трактор со приколка со пехчевски регистарски ознаки, управуван од 66-годишниот М.П. од с. Црник, пехчевско, излетал од патот.
Од здобиените повреди М.П. починал на местото, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Пехчево и јавен обвинител и по негова наредба телото на починатиот е дадено во Судска медицина за обдукција.