Загина 16-годишно момче во Охрид, со мопед удрил во метален столб

by valentina 09:52
09:52

Во 01.40 часот по полноќ во СВР Охрид е пријавено дека, на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, на потегот помеѓу населбата Рача и стариот влез за хотелот Парк, мопед управуван од 16-годишник од Охрид, излетал од коловозот и удрил во метален столб.

Момчето се здобило со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница во Охрид, каде им подлегнал на повредите.

Сопатникот, исто така 16-годишник од Охрид, се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

По овластување на јавен обвинител, увид на местото на несреќата изврши екипа на СВР Охрид.

Слични вести