Марјан Забрчанец, поранешен национален координатор за „Отворен Балкан“ и за регионални иницијативи и долгогодишен специјалист за комуникации, во своја објава на „Фејсбук“ вели дека додека соседните земји забрзано чекорат кон членство во ЕУ, Македонија ризикува да ја пропушти последната реална шанса за напредок.
„ВМРО-ДПМНЕ НИ ГО СВЕДУВА ЕУ ЧЛЕНСТВОТО НА НИВО НА МЕМЕТО “SIX-SEVEN”
Рама креира решенија и упорно атакува кон целта – членство на Албанија до 2030. Црна Гора речиси и да нема забелешки во европскиот извештај.
Во исто време, Мицкоски и Силјановска ја сведуваат Македонија на ниво на анти-европска покраина, иднината ни ја сведуваат на “тупкање топка”, а реформите ги иронизираат со потсмев од типот “аха, сега ќе ни пишат 5-ка во Брисел”.
И истите тие во исто време велат:
1) 25 години стоиме во место во евроинтеграциите
2) Македонија е понапред од Албанија во евроинтеграциите
Знаат ли да соберат 1 + 2 и знаат лин дека резултатот не е “six-seven”?
Знаат ли каде беше Албанија во 2000-та?
Знаат ли дека Македонија во 2000-та немаше ни кандидатски статус? Знаат ли дека во меѓувреме станавме членка на НАТО? Знаат ли дека сме во момент 11:59 и дека сме веројатно пред последната шасна за подобра европска Македонија?
Не знаат или си играат мајтап?“, пишува Забрчанец во својата објава.