240
Сообраќајните полицајци во Ниш, во соседна Србија запреа 52-годишен турски државјанин кој, управувајќи камион „мерцедес“, во изминатиот еден месец на автопатот во близина на Ниш направи 92 прекршоци.
-При контролата, полицијата утврдила дека тој не ги користел пропишаните паузи, дневните и неделните одмори, дека го пречекорил дозволеното дневно време на возење, како и дека не ги внел податоците за состојбата на почетокот и крајот на работата на возилото во тахографот на соодветен начин, соопшти Полициската управа во Ниш.
Му беа изречени казни во вкупен износ од 4.320.000 динари (без малку 35.000 евра).