Србија беше единствената земја на Самитот Украина–Југоисточна Европа во Киев што не ја потпиша заедничката декларација за продолжување на политичката, воената, финансиската и безбедносната поддршка за Украина и за засилување на притисокот врз Русија..
-Јас сум единствениот што не стави потпис на декларацијата“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ по завршувањето на самитот.. Србија не сака да се приклучи на воената поддршка за Киев и на политиката за дополнително економско изолирање на Москва, појасни Вучиќ, посочувајќи дека ја поддржува европската интеграција на Украина и ја признава нејзината територијална целосност.
Документот го потпишаа претставници на Украина, Албанија, Грција, Молдавија, Романија, Хрватска, Словенија, Македонија, Црна Гора и Бугарија.
Во киевската декларација руската инвазија е осудена како незаконска и неоправдана агресија, а од Москва се бара целосно и безусловно да ги повлече своите сили од целата меѓународно признаена територија на Украина.