Вучиќ: Нема Марта Кос да ми држи лекции кој е воен злосторник, а кој не е!

by irena 14:34
14:34

Српскиот претседател Александар Вучиќ со остри критики кон европската комесарка за проширување – Марта Кос, откако таа ја откажа најавената посета на Србија, наведувајќи ја како причина е погребната церемонија на Ратко Младиќ.

Вучиќ денеска рече дека не жали поради откажувањето на Кос, оценувајќи го нејзиното образложение како „кратко, но глупаво“.

„Српскиот народ е презаситен од лаги, одземање територии и ослободителни пресуди“, рече Вучиќ.

„Нема Марта Кос мене да ми држи лекции кој е воен злосторник, а кој не е“, нагласи Вучиќ.

Во врска со благодарноста што денеска му ја упати Дарко Младиќ, синот на Ратко Младиќ, Вучиќ рече дека се обиде да направи сè што е во негова моќ за да му помогне на семејството.

Слични вести