Вучиќ: Ако ги изгубам изборите, ќе им се смеам во лице

by vlatko 18:23
18:23

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека нема да ја напушти земјата доколку неговата Српска напредна партија ги загуби изборите кои ги најавува во последните месеци, додека се разгледуваат можните термини за нивно одржување.

Вучиќ, гостувајќи на провладината телевизија „Прва“, рече дека претседателските избори најверојатно би се одржале во јануари 2027 година доколку парламентарните избори се одржат во октомври.

-Ако во октомври има парламентарни избори, можно е претседателските да бидат на крајот на декември или почетокот на јануари. Доколку парламентарните избори бидат во ноември, тогаш претседателските сигурно ќе бидат во јануари или можеби најдоцна во почетокот на февруари – изјави Вучиќ.

Тој порача дека нема страв од можен пораз, освен од, како што вели, Бога, историскиот суд и судот на сопствениот народ.

-Можно е да ги изгубиме изборите, но сепак ќе ги преброиме гласовите. Кога ќе победат на изборите, ќе им честитам и истата вечер ќе кажам дека најлошите можни дошле на власт. Ќе им се смеам во лице цело време – и од притвор, и од затвор, и од гроб, пркосно и гордо – изјави српскиот претседател.

Слични вести