Врховниот суд на САД ги поништи царините на Трамп

by vlatko 19:12
19:12

Врховниот суд на Соединетите Американски Држави денеска донесе одлука со која поништи голем дел од царините што ги воведе админстрацијата на претседателот Донлад Трамп, повикувајќи се закон наменет за вонредни ситуации.

Со одлуката, американскиот Врховен суд отфрли еден од најконтровезните потези на Трамп во практикувањето на неговата претседателска моќ, што се закануваше да предзвика далекусежни последици по глобалната економија.

Врховниот суд на САД кој брои девет члена, гласајќи шест спрема три, одучи дека законот од 1977, наменет за решавање на национални вонредни состојби, не дава правно оправдување за воведување царини од страна на админстрацијата на Трамп врз земји од целиот свет.

Ова е прва пресуда на највисокиот суд на САД со која се поништува негова политичка одлука донесена во вториот мандат.

Трамп, како што пишува „Гардијан“, царините ги користеше за агресивно преобликување на трговската политика на САД, отфрлајќи трговски договори кои беа во сила со децинии, собирајќи на тој начин десетици милијарди американски долари од компании што увезуваат стоки од странство.

Слични вести