Вредноста на барел нафта вечерва на берзите од 93 до 97 долари

by jadranka 21:24
21:24

Цената на нафтата на светските берзи вечерва се стабилизираше под 95 долари.По 21 часот средноевропско време барел американска нафта на берзата се продаваше нешто над 93 долари а утрово достигна и 96 долари. На лондонската берза вредноста на т.н. БРЕНТ нафта исто така се намали на малку повеќе од 97 долари, откако преку денот се продаваше и околу 102 долари за барел.

Пазарите на почетокот на неделата беа охрабрени од проценките дека нафтата од Блискиот Исток сепак стигнува до купувачите во Индија, Кина и Пакистан, и покрај воената криза во регионот.

По американско-израелските напади, Иран ја презеде контролата врз Ормускиот теснец, клучниот морски премин за глобалната трговија со нафта. Техеран забрани транзит на бродови поврзани со САД, Израел, европските земји и нивните сојузници.

Сепак, теснецот не е целосно блокиран.

Слични вести