Вработените од „Паркови и зеленило“, „Флораком“ и „Луна“ на протест, бараат исплата на плата за август

by irena 14:40
14:40

Вработените од јавното претпријатие „Паркови и зеленило-Скопје“, како и од неговите фирми „Флораком“ и „Луна“ денеска организираа протест пред претпријатието и пред бараките на Град Скопје и канцеларијата на градоначалничката Данела Арсовска. Тие бараат да им се исплати платата за месец август, регресот и јубилејната награда за 2022 година и новогодишните награди.

– Се собравме пред Собранието на Град Скопје, за да изразиме револт поради недобивањето плата за „Паркови и зеленило“, „Флораком“ и „Луна“. Имено, и покрај тоа што потпишавме спогодба и колективен договор на ниво на работодавач се уште не се исплатени не само платата за месец август, туку и регресот за 2022 година, јубилејната награда од 2022 година наваму и новогодишните награди. Беше договорено тоа да биде сукцесивно, значи роковите одамна поминаа. Сега има и застарување на побарувањата. Откако дојдовме како синдикат во „Паркови и зеленило“, „Флораком“ и „Луна“, вработените почнаа редовно да ги земаат платите, доцнеа со три, четири месеци. Во континуирана комуникација со сегашното раководство на „Паркови и зеленило“, сепак успеавме да ги доближиме разликите меѓу платите наназад, но сега немаат земено плата за август, а набрзо ќе немаат и здравствено осигурување, изјави пред просториите на Град Скопје, претседатедателот на независниот синдикат на државната администрација, Горан Ристески.

Слични вести