1
Вработен во средно училиште во скопската општина Гази Баба вчераутро пријавил дека бил нападнат од колега во ходникот на училиштето.
„На 01.10.2026 во 08:15 часот во СВР Скопје, С.Б.(42) од Скопје, вработен во средно училиште на подрачјето на Гази Баба, пријави дека околу 07:40 часот во ходник на училиштето бил физички нападнат од неговиот колега Ј.П.(50) од Скопје. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок“, соопшти МВР.