Воздушни напади врз Кабул и други авганистански провинции

by irena 07:41
07:41

Пакистанските воздухопловни сили извршија ноќни напади врз воени цели во Авганистан, откако авганистанските талибански сили претходно нападнаа пакистански позиции долж спорната граница. Според пакистанските власти, биле погодени цели во Кабул и во провинциите Кандахар и Пактија, при што биле убиени десетици, односно 133 талибански борци.

Портпаролот на талибанската влада, Забихула Муџахид, потврди дека имало напади, но рече дека нема извештаи за жртви од воздушните рации.

Претходно, Авганистан соопшти дека во напад врз пакистански позиции биле убиени 55 пакистански војници, додека осум авганистански борци загинале, а 13 цивили биле повредени.

Претседателот на Пакистан, Асиф Али Зардари, изјави дека одговорот бил решителен и дека земјата нема да прави отстапки во однос на мирот и територијалниот интегритет.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, повика на деескалација и дипломатско решение.

Тензиите меѓу двете земји се зголемија по претходните прекугранични напади. Границата долга околу 2.400 километри, позната како Дурандова линија, и понатаму е спорна меѓу соседите.

Слични вести