Војната со Иран ќе заврши по изборите во САД, рече Трамп

by vlatko 09:16
09:16

Доналд Трамп изјави дека не мисли дека војната со Иран ќе заврши до изборите во САД на 3 ноември, додавајќи дека и цените на нафтата нема да се намалат дотогаш.

-Мислам дека војната ќе заврши веднаш по изборите бидејќи тие не можат повеќе да издржат – рече Трамп за Иран.

Тој се огласи пред првата изборна конвенција на Републиканската партија, која ќе има тежок предизвик да ја задржи контролата во двата дома на Конгресот.

Трамп се соочува со пад на бројките во анкетите и со притисок од неговата партија да ја заврши војната со Иран.

Цените на нафтата вчера се искачија на 100 долари за барел за првпат од јули.

-Веднаш по изборите, цените на нафтата ќе паднат надолу. Иран очајно сака да влијае на изборите за да се избере една слаба група на луѓе и да ги оставиме на мира и да им дозволиме да го имаат своето нуклеарно оружје – рече Трамп.

На конвенцијата во Тексас, Трамп повтори некои од овие тврдења, велејќи дека „цената на нафтата ќе падне штом ја добиеме војната со Иран“.

Тој им вети по 5.000 долари на сите возрасни Американци ако Републиканците победат на изборите.

Слични вести