Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажуваат последните испитувања

by valentina 10:49
10:49

Од ЈП ,,Водовод и канализација” информираат дека водата во Скопје е безбедна за пиење, по направените редовни контроли.

-Во текот на ден 26.08.2026 од страна на Сектор Санитарна контрола при ЈП Водовод и канализација Скопје, се земени:
44 примероци од водоводната мрежа на град Скопје од кои 4 примероци се од бунарскиот потег Нерези-Лепенец.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци од водоснабдителниот систем на град Скопје ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, информираат од Водовод.

Слични вести