Водата во Ресен не е за пиење поради поплавите

by irena 11:44
11:44

Од ЈКП „Пролетер“ Ресен упатија важно известување до граѓаните дека поради интензивните врнежи и огромниот природен прилив на вода, моментално е нарушен квалитетот на водата во делови од водоводниот систем.

„Заради ваша безбедност, водата привремено НЕ се препорачува за пиење. Ова е последица на екстремните временски услови, а не на самата мрежа. Нашите екипи се на терен и веднаш по стабилизирањето на природниот притисок и квалитет, водата ќе биде вратена во редовна и безбедна состојба“- информираат од ЈКП „Пролетер“ од Ресен.

Додаваат дека граѓаните ќе бидат навремено информирани за секоја промена во општината.

Слични вести