Во затворски притвор шестмина осомничени за нелегалниот ботокс – во куќен притвор завршија четворица

by irena 09:26
09:26

Основниот кривичен суд одреди притвор за шест лица, куќен притвор за четири и мерки на претпазливост за девет осомничени во рамки на големата полициско-обвинителска акција за организиран криминал поврзан со нелегален увоз и дистрибуција на медицински препарати.

Од судот велат дека од вкупно 11 предлози за определување мерка притвор, обвинителството по сослушувањето на осомничените за две лица го преиначило барањето во куќен притвор.

За преостанатите девет лица за кои бил побаран притвор, судот уважил шест предлози, а за тројца наместо притвор определил куќен притвор.

Акцијата, која беше спроведена завчера од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, под раководство на обвинител од ОЈО ГОКК, опфати повеќе градови – Скопје, Струмица и Битола, каде беа извршени претреси.

Според истрагата, осомничените делувале како организирани криминални групи кои набавувале и дистрибуирале нелегални медицински препарати – ботокс, филери и други помагала – без одобрение од надлежните институции, без декларации и без контрола.

Слични вести