Во тек е акција „Филтер“, за шверц на цигари, се прават претреси на над 20 локации, меѓу уапсените има и царински службеници

by valentina 09:02
09:02

Царинската управа, во соработка со МВР и Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, во моментот спроведува акција „Филтер“, за шверц на цигари, во која се уапсени десетина лица, меѓу кои и царински службеници, а се прават претреси на над 20 локации.

Според првичните неофицијални информации, разбиена е мрежа на организиран шверц на големи количини цигари и избегнување на плаќањето давачки.

Подетални информации за операцијата „Филтер“ се очекуваат во текот на денот.

Слични вести