МВР информира дека рано утринава во 02:35 часот во населбата „Плитишта“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 31-годишник од Скопје и 30-годишно лице од Охрид.
– Тие се сомничат дека околу 00:20 часот на улица „Момчило Јордановски“ во Охрид, по претходна расправија, физички нападнале 52-годишно лице од Охрид. Во нападот, 41-годишна жена од Охрид успеала да го заштити нападнатиот и откако двајцата влегле во нејзиниот стан, лицата повторно го нападнале, при што употребиле тврд предмет и му нанеле тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид. Напаѓачите си заминале од станот кога таа повикала полиција, по што нападнатиот забележал дека од паричникот му фалат пари и личен накит. Напаѓачите се задржани во Полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.