Во сообраќајка загина охриѓанец, удрил во глутница кучиња и во ограда на патот, па автомобилот се запалил

by valentina 10:34
10:34

Во страшна сообраќајна несреќа ноќеска загина возач од Охрид, кој првично удрил во глутница кучиња, а потоа и во металните браници на патот, по што возилото се запалило.

Синоќа во 23:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, патничко возило „хјундаи гец“ со охридски регистарски ознаки удрило во кучиња скитници, по што и во метални браници на патот и се запалило.

Од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид, пожарот е изгаснат, а во возилото е пронајдено телото на починатиот возач. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено во Судска медицина на обдукција и за утврдување на идентитетот на лицето.

Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид и за време на увидот сообраќајот на магистралниот пат беше пренасочен по регионалниот пат Охрид-Струга.

Слични вести