Во сабота нов Марш за ангелите во Кочани

by irena 20:17
20:17

И оваа сабота, 20 декември, во Кочани со почеток од 14:05 часот ќе се одржи 34-тиот протестен „Марш за ангелите“.

Организаторот, здружението „16 Март 2025“, ги повикува сите граѓани да се приклучат на маршот за правда за жртвите од трагедијата во „Пулс“.

„Дојдете со нас на 34-тиот Марш за ангелите. Ги повикуваме сите граѓани од Кочани и од цела Македонија да чекорат со нас за вистинска правда за нашите деца кои ги нема и за иднината на сите деца што доаѓаат. Да чекориме заедно во тишината што вреска по правда. Молчењето не е опција – правдата мора да се избори заедно. Секој поглед бара правда“, се наведува во писменото соопштение за медиумите.

Слични вести