Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева во недела ќе го напушти затворот ,,Идризово”, односно излегува на слобода. Нејзината 7- годишна затворска казна истекува во август догодина, но доби условен отпуст.
-На 12.12.2024 година Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје, по предлог на осудената К.Ј., правосилно осудена со предметот КОК 116/19, донел решение со кое се прифаќа предлогот и на осудената и се дозволува условен отпуст од издржување на затворската казна, кој започнува од 21.12.2025 година, а трае до 21.08.2026 година.
Односно од 7 годишната затворска казна, која ја издржува осудената, дозволен е условен отпуст од 8 месеци, информираат од Кривичниот суд.
Јанева изминатите месеци излегуваше на слобода, односно и беше дозволено да оди на работа во адвокатската канцеларија на нејзиниот син, а вечерта се враќаше во затворската ќелија.
Таа беше осудена на затворска казна од 7 години за случајот ,,Рекет”, заедно со обвинетиот Бојан Јовановски- Боки 13.
Валентина Вурмо