2
Осумнаесетгодишен жител на Куманово бил приведен откако полицијата при претрес во неговиот дом пронашла автоматска пушка, муниција и рачно изработена направа поврзана со тајмер и батерија.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, Р.Д. бил лишен од слобода на 17 октомври 2026 година, во 19:15 часот, од страна на полициски службеници од СВР Куманово.
Претресот бил извршен со судска наредба, при што биле пронајдени автоматска пушка, рамки за автоматска пушка со 44 куршуми, испукана чаура и рачно изработена направа поврзана со тајмер и батерија.
Од МВР соопштуваат дека по целосното документирање на случајот против осумнаесетгодишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.