Во Косово e уапсен првоосомничениот за убиството во Дуќанџик

by vlatko 22:07
22:07

Во Косово денеска е уапсен Рами Кучи, првоосомничен за убиството на 26-годишниот А.М., кое се случи на 6 септември во скопската населба Дуќанџик, објави „Алсат“.

Според информациите на телевизијата, Кучи бил лишен од слобода од косовската полиција, додека по вториот осомничен, И.С., сè уште се трага.

Инцидентот се случил вечерта на 6 септември во Дуќанџик, во општина Чаир.

Според досега објавените информации, Кучи и И.С. се осомничени дека од мотор пукале кон група млади луѓе кои се наоѓале пред дуќан.

Во нападот бил убиен 26-годишниот А.М., а уште неколку лица биле повредени.

Слични вести