104
Тимот за интервентна кардиологија во ГОБ „8 Септември“ почна да применува нова иновативна метода, „Корофлоу“ (CoroFlow), софтвер наменет за прецизна проценка и за откривање нарушувања во микроциркулацијата на срцето, соопшти Министерството за здравство.
Според објавата на Министерството на „Фејсбук“, новата метода овозможува подетална проценка на состојбата на коронарната микроциркулација, што треба да придонесе за подобри дијагностика и третман на пациентите со срцеви заболувања, особено кај оние кај кои стандардните испитувања не секогаш ја покажуваат причината за симптомите.