Во Европската Унија има 4,33 милиони бегалци од Украина

by irena 17:04
17:04

До 30 ноември 2025 година, во Европската Унија се регистрирани 4,33 милиони бегалци од Украина кои добиле статус на привремена заштита, објави Заводот за статистика на ЕУ – Евростат.

Како што е наведено во соопштението, во споредба со крајот на октомври 2025 година, статусот на привремена заштита е за 30.616 лица повеќе или 0,7 проценти.

Германија се грижи за најмногу луѓе од Украина со статус на привремена заштита – 1,2 милиони, или 28,7 проценти од вкупниот број со тој статус во ЕУ, по што следуваат Полска со речиси 970.000 лица (22,4 проценти) и Чешка со речиси 400.000 Украинци (9,1 процент).

Во ноември 2025 година, месечниот број на нови одлуки за доделување привремена заштита во ЕУ се намали за 32,5 проценти во споредба со септември и за 27,8 проценти во споредба со октомври 2025 година.

Бројот на нови одлуки во ноември 2025 година падна на ниво слично на она пред декретот на украинската влада кон крајот на август 2025 година, со кој на мажите на возраст од 18 до 22 години им се дава право да ја напуштат Украина без ограничувања.

Слични вести