Во дел од Центар утре ќе нема вода

by irena 20:21
20:21

РЦУК Скопје известува дека утре (среда) поради уличен дефект Ф-80 мм на булеварот „Партизански Одреди“ 18б, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици во Општина Центар:

дел од булеварот „Партизански Одреди“ (потегот кај пазар „Буњаковец“),
дел од „Дебарца“,
дел од „Мирослав Крлежа“,
дел од „Коле Неделковски“,
дел од „Антоние Грубишиќ“,
„Отон Жупанчиќ“,
„Радњанска“ и
ООУ „Коле Неделковски“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување со санација на дефектот.

Слични вести