156
Антонијо Милошоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, предмалку изјави дека, според податоците со кои располага партијата, ќе победат во трката за градоначалнк уште во првиот круг во повеќе општини.
Притоа, тој ги спомена Гази Баба, Штип, Прилеп и повеќе други општини, меѓу кои и Струмица, која дваесетина година е под локална власт на СДСМ.
Што се однесува до Скопје, Милишоски рече дека нивниот кандидат Орце Ѓорѓиевски има голема предност, но остави можност дека сепак ќе се одржи и втор круг.