ВМРО-ДПМНЕ: За труењето од водата во Гостивар ќе има правен епилог, нема да заврши како случајот каде виновен беше кабелот

by irena 10:51
10:51

„Кандидатот на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар потфрли, а од СДС нема барање на одговорност за овој скандал кој ја потресе државата – се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС и Филипче не можат да го вперуваат прстот кон Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што кадарот кој тие со Ахмети и Таравари го промовираа и поддржаа на изборите, потфрли.

Но, едно работа е многу важна. Овој случај ќе добие правен епилог, нема да заврши како случајот со Модуларната болница каде токму поради Филипче живи изгореа 14 наши сограѓани, а тој не беше повикан ниту на информативен разговор, затоа што неговите судии и обвинители го штитат, и на крај кабелот беше виновен.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е задно со Гостиварчани, а надлежните институции се ставени на располагање на граѓаните“ велат од владејачката партија.

Слични вести