ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче треба да престанат да ја кодошат Македонија

by irena 16:09
16:09

„СДС и Филипче треба да престанат да ја кодошат Македонија и да измислуваат проблеми кои ги нема, а поттикнати од Бугарија“ реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавите на лидерот на социјалдемократите.

„СДС и Филипче се најдобра продолжена рака на шовинистичките политики на Софија. Наместо да ја прифатат подадената рака од претседателот Мицкоски, СДС и Филипче мислат како да ја искодошат државата“ соопштија од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека „ова што го гледаме сега е продолжение на политиките на Заев и Бојко љубави, ова не е ништо друго, освен распродажба на државата. Добро е што Филипче денес целосно се демаскираше, секој може да види која му е вистинската намера и како би постапувал ако е власт. Филипче ќе биде Заев 2.0“.

Слични вести