ВМРО-ДПМНЕ изброи илјада луѓе на денешниот синдикален протест

by jadranka 22:20
22:20

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ успеа да избори само илјада луѓе на денешниот синдикален протест што се одржа во Скопје. Во соопштението што го испратија до медиумите, протестот за повисока минимална плата и поголеми работнички права го нарекоа политички мотивиран, а организаторот – ССМ  „приврзок“ на СДСМ и Левица.

„На улица каде вечерва решија да ги бранат работничките права и да бараат повисоки плати едвај собраа околу 1.000 лица. Истите тие вечерва ги избраа улиците, наместо да седнат и на маса да се договараат. Истите тие одбија 40 проценти покачување на платите во рок од 2 години. Истите тие, или СДСМ, Левица и нивните синдикати, ССМ, се еден вид сојузници против работниците, против зголемување на нивните плати кое јасно им беше понудено“, се вели во соопштението на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Што знае нивниот т.н. лидер Слободан Трендафилов како е да се живее со минимална плата, кога зема 3-4 минимални плати, се додава во соопштението.

„Сојузот СДСМ, Левица и ССМ и нивните намери веќе се јасни. Тие само глумат грижат за работниците, нивните плати, нивниот стандард на живот. ВМРО-ДПМНЕ доследно и постојано се грижи за стандардот на живот на секој еден граѓанин“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Слични вести