187
ВЛЕН го номинираше Невзат Бејта за нивен кандидат за градоначалник на општина Гостивар на повторените избори. Тој синоќа на неговиот профил на Фејсбук ја објави кандидатурата и дека ќе има поддршка од владеачката коалиција составена од неколку од албанскиот политички блок.
-Со Божја волја, со довербата на граѓаните, согласно резултатите од анкетите и по консултациите со лидерите на ВЛЕН, беше одлучено кандидат на ВЛЕН за овие избори во Гостивар да бидам јас.
За официјализирање на ова чесно иницијативо, чија единствена цел е доброто на градот и граѓаните на Гостивар, утре во 12:00 часот ќе ја поднесеме кандидатурата до Општинската изборна комисија, стои во објавата на Бејта.