Винисиус: Расистите се кукавици!

by irena 10:00
10:00

Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, се огласи по обвинувањата дека играчот на Бенфика, Џанлука Престијани, го навредил расно за време на 1/6 финалето од Лигата на шампионите.

Прославата на бразилскиот фудбалер по голот (мечот заврши со резултат 0:1) предизвика вистинска врева на теренот и на трибините, така што Винисиус го обвини Престијани, дека го навредил расно.

Натпреварот беше накратко прекинат, а по натпреварот Винисиус објави:

– Прво на сите, расистите се кукавици. Тие мора да го стават дресот преку уста за да покажат колку се слаби. Но, тие имаат заштита од други кои, теоретски, имаат обврска да ги казнат. Ништо што се случи денес не е ново во мојот живот, ниту во животот на моето семејство. Добив жолт картон за прослава на гол. Сè уште не разбирам зошто. Од друга страна, протоколот беше лошо спроведен и не послужи за никаква цел. Не сакам да се појавувам во вакви ситуации, особено по голема победа и кога насловите треба да бидат за Реал Мадрид, но ова е неопходно. Бернабеу, се гледаме – рече Бразилецот.

Реванш натпреварот помеѓу овие два тима е закажан за една недела на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.

Слични вести